Sunday, May 8, 2016

soncev sistem



                                                               Сончев систем





Сончевиот систем е планетарен систем кој се состои од Сонцето и останатите небески тела кои орбитираат (кружат) околу него: 8 планети заедно со своите природни сателити и прстени, илјадиците астероиди и комети,метеороидите и останатиот меѓупланетарен материјал. Границите на Сончевиот систем се простираат и по орбитата на Плутон (кој не е планета), кој орбитира со просечна далечина од 30 AU, и ги вклучува Кајперовиот појас кој достига до 50 AU и Ортовиот облак составен од комети од кои некои се оддалечуваат од Сонцето и до 100.000 AU (1,5Светлосни години).
По донесувањето на првата дефиниција на планета на 24 август2006, Плутон престанува да биде планета и станувапланета-џуџе. Со тоа Сончевиот систем има 8 планети.

Сите планети имаат директна орбита, т.е. тие ротираат околу Сонцето во истата насока во која ротира и самото Сонце; движењето на повеќето сателити е исто така директно. Сонцето е далеку најмасивно тело во Сончевиот Систем, неговата маса е 330.000 пати поголема од земјината. Меѓупланетарниот простор содржи космичка прашина и екстремно малку јонизиран гас (честички од сончевиот ветер).
Сончевиот систем настанал пред речиси 5000 милиони години, како резултат на згуснувањето на облак од меѓуѕвезден гас и прашина (сончевата небула). Постојат и останати вакви системи кои се центрирани околу други ѕвезди и се викаат „сончеви системи“, а постоењето на дискови од материја кои ги опкружуваат ѕвездите наведуваат на заклучок дека планетите се нус производ од формирањето на ѕвездите.
Растојанијата во сончевиот систем најчесто се искажуваат во астрономски единици кои се означуваат со AU. 1 AU е растојанието помеѓу Земјата и Сонцето или околу 150 милиони километри.

Астероидниот појас е составен од тела помали од планетите кои се нарекуваат Астероиди и најчесто се во орбита околу Сонцето помеѓу Марс и Јупитер. Главниот појас се состои од десетици илјади (можеби и милиони) тела поголеми од 1км во дијагонала, иако некои од нив се речиси прашина. Иако се во голем број, вкупната маса на астероидите не надминува илјадити дел од земјината маса. Астероидите со дијаметар помал од 50m се нарекуватт метеороиди. Најголемиот астероид Керерае со пречник од околу 1000 км. Се смета дека астероидите се остаток од планета која не успеала да се обедини вo едно тело поради силното гравитациско влијание на Јупитер. Постојат и астероидни месечини кои се всушност астероиди кои орбитираат околу поголеми астероиди, меѓутоа тие не се издвојуваат како планетарните месечини и понекогаш се големи речиси колку и самите астероиди околу кои ротираат.
Во внатрешниот дел од сончевиот систем постојат и „самостојни“ астероиди чии орбити се сечат со орбитите на планетите.
Надворешните планети или гасните гиганти се толку големи што заедно содржат 99% од вкупната позната маса на материјата која орбитира околу Сонцето. Бидејќи се релативно далеку од Сонцето, тие ја содржат главнината од водород и хелиум во Сончевиот систем, кои биле прелесни за да се задржат на внатрешните планет
Четирите надворешни планети се:

1 comment:

  1. The 5 Best Casinos Near San Francisco - Mapyro
    If you're looking 과천 출장마사지 for the best 평택 출장마사지 San Francisco 삼척 출장샵 casinos, you've 양주 출장안마 come to the right place. Find your favorite San Francisco casino with 문경 출장마사지 Mapyro.

    ReplyDelete